Врз основа на член 16 став 3 од Законот за основање на Државна агенција за дигитален надзор и е-управување (Службен весник на РСМ бр. 113/07, 24/11, 24/13, 41/14, 145/15, 55/16, 64/18 и Службен весник на РСМ бр. 53/24 и 235/24), а согласно Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на директор на Државна агенција за дигитален надзор и е-управување бр. 02-917/1 од 09.01.2026година, Управниот одбор на Државна агенција за дигитален надзор и е-управување јавен оглас за избор на:
– Директор на Државна агенција за дигитален надзор и е-управување
I. Кандидатите за директор треба да ги исполнуваат следните услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- има минимум седум години работно искуство во струката и
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
– ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;
– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода;
– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво
– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
– АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
II. Кандидатите за директор потребно е да ја достават следната документација:
- Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;
- Писмо за мотивација;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома за завршено образование наведено во точка 3);
- Документи за доказ на работно искуство и
- Меѓународно признаен сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години наведено во точка 5).
III. Работно време: дневно од 07:30 до 08:30 часот и трае до 15:30 односно до 16:30 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне. Почетна основна месечна нето плата 70.339,00 денари. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
IV. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Управниот одбор на Државна агенција за дигитален надзор и е-управување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.
V. Комплетните апликации, во затворен коверт, кандидатите се должни да ги достават најдоцна до 30.01.2026 година, до 12 часот, на следната адреса: petar.milosevski@adn.crso.gov.mk





